Финалист на „Ѕвездите на Гранд“ бил спречен да влегува во Србија поради пеење на антисрпски песни, а денеска се натпреварува во финалето

За титулата ќе се борат 20 финалисти, а победникот ќе добие вредна награда и ново воведена статуа со името на Саша Поповиќ, во чест на покојниот основач на шоуто.
Ова ќе биде прво финале без Поповиќ, кој почина пред неколку месеци по тешка болест.
Меѓу имињата кои оставија силен впечаток во шоуто е и Садик Хасановиќ, финалист од 2021 година, кому му беше забранет влез во Србија поради пеење на националистички песни. Тогаш изјави дека сакал да оди во Нови Пазар, а не во Србија, велејќи: „Јас го гледам Нови Пазар како мој Санџак“.
Хасановиќ изјави дека добил известување дека забраната е доживотна, но оттогаш ретко се појавува во медиумите и е неактивен на социјалните мрежи.
Пејачката Слаѓана Ѓорѓевиќ – Буцка, пак, откри дека за своето исклучување од „Гранд“ дознала преку медиумите. Вели дека тоа многу ја повредило, но подоцна се вратила во продукцијата во 2016 година и не сакала повеќе да се навраќа на темата.