Животна училница // Приказни
(ФОТО) Беше оженет со диџејка, првите 3 месеци воопшто не ја разбирал: Љубовната приказна на Флинт
Фановите се во шок по веста утринава дека на само 49 години почина фронтменот на култниот британски состав „Продиџи“, Кит Флинт. Причината за смртта сѐ уште не е позната.
Последните години Флинт живеел на село, далеку од градскиот метеж. До 2017 година бил сопственик и на локален паб, а живеел во куќа која ја обожавал со жена на која секојдневно ѝ се воодушевувал, пишуваат светските медиуми.
Во 2016 година се ожени со јапонската диџејка Mayumi Kai. Се запознале на една од турнеите на „Продиџи“ во Јапонија, а се венчаа на Божик. Наводно, првите три месеци воопшто не се разбирале поради лошиот англиски јазик на неговата животна партнерка, но биле бескрајно вљубени.