(ФОТО) Има тело на 20-годишна, во лицето личи на 50: Таа е доказ дека жената си е самата себеси најголем непријател

Добивај вести на Viber

Пример за тоа како не треба да потпаѓате на актуелните трендови за убавина, кои се минливи.

Француската манекенка и телевизиска актерка Анжелик Морган гордо го покажа своето тело во розово бикини на плажа во Малибу.

Ако не знаете ништо за неа, тогаш нејзиниот изглед може да ве збуни - кога ќе ја видите оддалеку, поради нејзината совршена фигура, ќе помислите дека таа е витка адолесцентка. Сепак, кога ќе го погледнете нејзиното лице, би рекле дека има 50 години и безброј обиди да изгледа помладо.

За нејзината витка линија е одговорна исхраната и многу вежбање, што може да се забележи во прекрасно дефинираните мускули на целото тело, но она што го нарушува целокупниот изглед е претерувањето со силикони и естетски процедури, за кои се чини дека Анжелик е зависник.

Неприродно големи и испакнати усни и уште поголеми гради ја направија многу постара и кој би рекол дека всушност е помлада од Џенифер Лопез, Моника Белучи, Елизабет Харли и Селма Хајек?

Анжелик има 45 години и е жив доказ дека никој не може да уништи жена како самата себеси.

фотографии: Profimedia
извор: stil.kurir.rs