(ФОТО) Ќе се изненадите што не ја познавате: Која е најбогатата српска пејачка

Ако мислите дека Лепа Берена, Светлана Ражнатовиќ или Јелена Карлеуша, се најбогатите пејачки во Србија, се лажете.
Сите нив „ги шиша“ Дијана Јанковиќ, позната како Диди Ј, која во 2013-та година се омажи за дваесет години постариот IT експерт Данијел Роквиќ, иако живеат во САД, во последно време престојуваат во родната Србија.
Кога се таму, Диди и нејзиниот сопруг престојуваат во куќа од 500 метри квадратни во белградската населба „Врачар“. Имаат три куќни помошнички, а гардероберот на Дијана е како половина куќа.
Српските медиуми објавија дека таа планира да го реновира цел кат и да го претвори во гардеробер.
- Ќе биде цел кат во стакло и огледала. Тука че биде мојата облека, еден ѕид за чанти и еден ѕид за обувки- најави пејачката.
Во својата колекција има и чанта „Hermes Birkin“, чија цена се качува и до 100.000 долари. Еспресо.рс пишува дека за тиа пари може да се купат два стана во Белград.
Освен тоа се пофали и со обувки со златни украси.