(ФОТО) Кој би рекол дека има 53 години: Ели Танасковска воодушеви со својот изглед

Водителката и уредник во културно – уметничката програма на МТВ, Ели Танасковска, е жена која секогаш внимава на својот изглед.
Овојпат таа не воодушеви со својот избор. Светкаво шарено фустанче како скроено за нејзиното тело искомбинирано одлични високи потпетици. Русата коса и шминката беа само надополнување на стајлингот кој е за чиста 10-ка. Па кој би рекол дека Ели има 53 години?
Водителката за Женски Магазин откри дека постојано готви домашни јадења и дека е редовна на часовите по аеробик и пилатес. Додава дека има супер коса која е отпорна на сите хемиски третмани и има супер совет за младите девојки.
- Од својата 25 -та година, секој месец, одам на третман. Класичен, чистење на лице, масажа и тонирање. Сакам да ги охрабрам младите девојки и да им порачам навреме да инвестираат во својот изглед. Не пушам, не пијам и уживам кога третманот трае- ни раскажа Ели.
Среќо моја, уживај во љубовта: Ели Танасковска со емотивна порака за ќерката