(ФОТО) Комшиски муабети од тераса: Како изгледа Скопје за време на полицискиот час

Добивај вести на Viber

Улиците на Скопје се празни откако Владата донесе забрана за движење од петок од 16 часот до понеделник до 5 наутро.

Нашата екипа која претходно доби дозвола за движење, забележа раздвиженост на луѓето само низ нивните дворови.

Дел од нив си ги средуваа терасите, некои косеа трева, некои си ги поправаа автомобилите во гаражите, дел играа со топка со децата.

Интересна комуникација забележавме меѓу соседите кои живеат во зграда, како пијат кафе и разговараат меѓусебно, секој од својата тераса. Никој од нив не беше расположен за фотографирање.

По денешниот метеж кој се создаде во градот пред да се затворат продавниците, убаво беше за промена да се види Скопје во едно вакво мирно издание.

Р.Ф.


Фотогалерија: Скопје час пред карантин - Love is in the air