(ФОТО) Кралицата Елизабета повеќе од јасна: Јавна порака за прекршувањето на кралските правила до Хари и Меган

Добивај вести на Viber

Британската кралска фамилија се држи до традицијата и вообичаените обичаи кои важат за празниците подеднакво за сите членови. На чело со кралицата Елизабета Втора почнуваат сите свечености, а принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го прекршија едно од главните правила.

Како што е познато двојката нема да слави празници со кралското семејство, па кралицата Елизабета многу јасно, со само една фотографија даде коментар за нивното недолично однесување.

Имено на официјалниот профил на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, одекна фотографија на која главата на семејството позира со многу сериозен израз на лицето (под кој многумина сфатија лутина). Она што остави најголем впечаток е тоа што на фотографијата покрај новогодишната елка, во свечен дух, на масата има фотографии од сите членови на кралското семејство, освен од Хати и Меган, ни нивниот наследник.