(ФОТО) Лепа Брена беше омилена и најмоќна пејачка во СФРЈ: Нејзината трансформација низ годините

Сите сакаа да бидат
како Брена
Една од најголемите музички sвезди на Балканот, Лепа Брена го прослави својот 60-ти роденден. Покрај успешната кариера, најголема среќа во животот на популарната пејачка е и хармоничното семејство, полно со љубов, кое меѓу првите и честиташе на нејзините социјални мрежи.
Таа ја започна својата кариера во осумдесеттите години од минатиот век. Таа секогаш чекореше мудро и детално размислуваше за секој нејзин потег, па постарите генерации ја паметат како единствена пејачка која коментираше за економската криза или политичката состојба во емисиите за време на југословенската ера.
Луѓето сакаа да го слушнат и го почитуваа нејзиното мислење. Токму поради тоа, таа стана автентична југословенска sвезда која трае на овие простори скоро 40 години, а вака се менуваше низ годините.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Ограмно богатство: Колку милиони „тежи“ Лепа Брена