Животна училница // Приказни
(ФОТО) Лозано во топ-форма, обожавателките воодушевени
- 07 Септември, 2019 12:58

По успешната турнеја која ја заокружи со одличен концерт во Охрид, Влатко Лозаноски-Лозано конечно замина на заслужен одмор. Популарниот пејач не им откри на обожавателките која дестинација ја одбра овојпат, но ги воодушеви со една фотографија која ја сподели на социјалните мрежи на која покажа дека редовно вежба и дека е во топ-форма.
Во чие друштво Лозано одмара, не сака да открие. Пред неполни два месеца, во емисијата „Живот со стил“, водителката Елена Стефановска го испровоцира да зборува за љубовниот живот и призна дека сѐ уште комуницира со поранешната вереница, манекенката Савка Грачанин.