Животна училница // Приказни
(ФОТО) Мама и тато ќе направат сѐ за тебе: Синот на Дарко Илиевски наполни една година
- 09 Октомври, 2020 21:49

Пејачот Дарко Илиевски откако наеднаш застана на лудиот камен и заплива во брачните води, заедно со сопругата Ивана се пресели и живее во Америка, на Флорида.
По неколку години успешен брачен живот, Дарко и неговата сопруга Ивана пред една година станаа родители. Првата радост во семејство Илиевски се вика Матео Ноа.
Токму за неговиот роденден, гордиот татко објави фотографија со емотивен опис:
„Лепотанов наполни една година! Ти посакувам да имаш многу возбудливи моменти и безгрижно детство! Мама и тато ќе направат сѐ за тебе“