(ФОТО) Не се плаши да го покаже својот целулит: Џенифер Гарнер во костим за капење

Добивај вести на Viber

Холивудската актерка Џенифер Гарнер ужива во бесконечно калифорниско лето, а папараците ја фатија додека се забавуваше на една од плажите во Малибу.

48-годишната Џенифер го привлече вниманието на пливачите во едноделен костим за капење кој ја истакнуваше нејзината врвна форма, но и некои нејзини „несовршености“ како целулитот на нозете, што актерката не се срами да го покаже за разлика од повеќето холивудски колеги.

Актерката воопшто не обрнуваше внимание на фотоапаратите, а друштво ѝ правеа нејзините ќерки Виолет и Серафина, кои ги доби со поранешниот сопруг и колега Бен Афлек, додека нејзиниот син Самуел го пропушти овој семеен собир.

Џенифер неодамна беше видена, исто така на плажа во Малибу, со актерот Бредли Купер, а странските медиуми веднаш објавија дека станува збор за нова актерска двојка. Извори блиски до нив веднаш ја демантираа веста и истакнаа дека Џенифер и Бредли се пријатели многу години и дека ништо друго не се случува меѓу нив.

Ова пријателство, наводно, му пречело на Бен Афлек со години, откако започнало во раните 2000-ти, додека тие ја снимале „Алијас“, и оттогаш се блиски и се во постојан контакт.