Невремето што вчера
го зафати Охрид, оштети една од охридските плажи.
Силниот ветер откорна
едно дрво на Градската плажа „Горица 3“, кое се уште стои на плажата.
Плажата Горица е позната и како „Немо“, според еден од шанковите кои
претходно беа дел од неа.


Од годинава, сите шанкови, поради истечена
концесија и ненавремено плаќање и обнова на концесијата беа срушени.
Поради можноста на плажата да се донесат сопствени реквизити, храна и
пијалоци, таа сезонава беше една од најпопуларните и најпосетените.


По
дождот и силниот ветер вчера, денеска во Охрид времето е повторно
сончево и топло.

(М.Џ.)
Фото: Женски магазин