(ФОТО) Новата девојка на Марко Јариќ: Дали е поубава од поранешната сопруга Адријана Лима?

Поранешниот кошаркар Марко Јариќ не е имун на припадничките на понежниот пол, особено кога станува збор за топ модели.
Атрактивната манекенка Бони Милер и Јариќ се во емотивна врска скоро три години, а Марко првата година не сакаше да се појавува во јавноста со убавицата, ниту да ја донесе во Србија. Секој пат кога ќе дојдеше во главниот град на Србија, тој не беше придружуван од неговата девојка.
Пред неколку дена, Бони им се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи со фотографија која не остава никого рамнодушен.
Таа позираше во костим за капење, а под сликата многумина коментираа дека изгледа совршено.
Инаку, Јариќ пред неколку дена го прослави својот 42-ри роденден, додека неговата девојка има 24 години.
За потсетување, Марко Јариќ беше во долгогодишен брак со еден од најпознатите модели во светот, Адријана Лима, од чиј брак имаат две ќерки, пред неговата врска со Бони. Се шпекулираше дека тие се развеле поради неговата врска со старлета, но тој никогаш не ги потврдил или негирал обвинувањата.