(ФОТО) Почнуваме во градинката: Антонио Милошоски им посака среќа на своите ќеркички

Добивај вести на Viber

Откако се отворија градинките, многу родители се одлучија своите деца повеќе да не ги чуваат дома. Полека, но сигурно повторно се враќаат на рутината, а помеѓу оваа група на родители беше и политичарот Антонио Милошоски, кој оваа вест ја сподели на својот Фејсбук профил.

„Почнуваме во градинка. За почеток насмеани. Дариа и Михаела во градинката "Гонџа" (Карпош), заедно со другарките ќе ги учат првите букви, песнички, но и тоа дека треба да го почитуваат авторитетот на учитеlките. Со среќа куклички!“ - напиша Милошоски покрај фотографијата од своите ќеркички.