Животна училница // Приказни
(ФОТО) Публика следи рок концерт од среде езеро во Охрид

Несекојдневен музички настан се одржува во моментов во Охрид.
Охрдските рокери "Камелеон", ги пеат своите најпознати песни на концертот наречен "Езерска рок симфонија".
Концертот се одржува на пристаништето, а публиката ја има привилегијата да го слуша овој одличен бенд од самото езеро, од бродовите и од јахтите, оние кои на време си резервирале места. "Камелеон" ги следат гудачи и придружните вокали Ана и Сара, што на концертот му дава уште побогат звук.
Специјален гостин на бендот, во дуетот "Дај ми љубов" е нивниот стар пријател и соработник Ѓоко Танески.
(М.Џ.)









