(ФОТО) Се плашам дека нема да си го видам детето: Тумор на мозокот и бремена жена
Пред нив е тешка борба
Бремената сопруга на британскиот музичар помислила дека тој има грип, но се покажало дека има смртоносен тумор на мозокот. Том Паркер (32), член на британско-ирскиот бенд „The Wanted“, пред шест недели ја добил ужасната дијагноза, а лекарите му рекле дека ракот не може да се оперира.
Летово почнал да се чувствува лошо и претрпел серија застрашувачки напади, а неговата сопруга Келси, која го чека нивното второ дете, открива дека не сметала дека станува збор за нешто сериозно.
- Чувствувавме дека нешто не е во ред во јули, но никогаш не можевме да замислиме дека е ова ... Искрено мислев дека е депресивен поради грип. Не можеме ни да веруваме дека го водиме овој разговор - изјави Келси за списанието „ОК“!
- Знаев дека нешто не е во ред, но не го очекував ова. Никогаш не мислите дека тоа ќе ви се случи вам - додаде Том.
Откако ја добил лошата вест, Том започнал со хемотерапија и радиотерапија со надеж дека ќе може да го продолжи својот живот. Келси признава дека не може ни да замисли дека ќе се најде во таква ситуација, но и двајцата се обидуваат да останат позитивни.
- Не побаравме прогноза. Тоа не би било добро за него. Буквално ќе седеше и ќе ги одбројуваше деновите што му останаа - додаде таа.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Тест за карцином на белите дробови: Дали можете да ги поврзете прстите вака?