(ФОТО) Славниот актер на седативи: Колегите се молат за негово опоравување
Сѐ уште е непозната здравствената состојба на холивудскиот актер Лук Пери кој во средата преживеа мозочен удар, а неговиот портпарол Арнолд Робинсон одбива да ги наведе причините поради кои ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“ е хоспитализирана. На медиумите им изјави дека Пери е сега на седативи и ги демантираше наводите дека е во кома.
Претходно на актерот кој игра и во популарната тинејџерска серија „Ривердеил“ му беше откриен и колоректален карцином поради кој комплетно го промени начинот на живот, пишуваат светските медиуми.
Колегите со кои играше во „Беверли Хилс“ се молат за неговото опоравување. „Ниту еден збор не може да го опише тоа што го чувствува моето срце откако ги слушна шокантните вести. Сите се молиме за негово опоравување“, напиша на инстаграм актерот Јан Зеринг.