(Фотогалерија) ИСТОРИЈА: ВЕЛИГДЕН без присуството на верници, молитва и за здравјето на заболените

Македонија и светот се пред голем предизвик, а ова празнување на Велигден е историско.
Освен свештениците и фоторепортерите верници во храмот немаше.
Г-Г Стефан вечерва ја водеше Велигденската богослужба во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје како и секоја година - овојпат испишувајќи историја - без присуство на верници во храмот.
Христовата победата над гревот и над смртта, по претрпеното распетие и славното воскресение, е најголемата победа на сите времиња. Таа е единствена и вечна, и постигната е еднаш и засекогаш! Затоа, само соединети во Христа, преку молитвата и преку светите Тајни, и со исполнувањето на Неговите заповеди, можеме да го победуваме гревот и да се здобиеме со спасение и вечен живот, вели г.г. Стефан.
Христос воскресе! Навистина воскресе!
За целосната вест продолжете на Фактор.мк