(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ЈАСЕН И ПОРЕЧКИ МАНАСТИР) Убавините на Македонија: Панорама што не се заборава

Добивај вести на Viber

Треба да станете многу рано ако сакате од Скопје до Македонски брод да патувате долж езерото Козјак, преку природниот резерват Јасен.

Во зимскиот период кој се смета од први октомври, патот од Скопје кон Македонски брод преку Јасен е отворен од 7.30 до 8.30 наутро, а потоа од 14.30 до 15.30. Рано наутро одат оние кои сакаат да го фатат денот, како што беше случај со нашата екипа. Враќањето од Брод кон Скопје по истиот пат е од 6 до 7 наутро или од 16 до 17 часот. Патот е тесен и има доста кривини, но вреди да се оди по него, затоа што доживувањето е непофторливо. Ќе видите панорама што не се заборава. 

Јасен е прогласен за природен резервоат од 1958 година, во прво време само на планината Караџица, а во 1960 година е проширен и на Сува Гора. Зафаќа површина од 32.000 метри квадратни, поголемиот дел е шума и патишта, а има и голем број неасфалтирани патеки, рај за љубителите на пешачењето. 

Нашата цел е поречкото село Горни Манастирец, и црквата која е главна и единствена манастирска црква во Поречкиот Манастир, Рожденство на Пресвета Богородица. Црквата е градена во 1899 година на темели од постар објект.

Специфично за храмот е што има живопис од два периода, од 12. и од 19. век.

Црквата е автентилна затоа што ер градена од од камен и од свежо гасена вар, а фрескоживописот е работен со природни бои, но и со жолчка од јајце. 

Продолжуваме понатаму, кон место од каде што поглегот е волшебен и идеален за вистински одмор и за медитација, Поречки манастир.

Тоа е манастирски комплекс, а се наоѓа над селото Горни Манастирец, во близина на Македонски брод, по средниот тек на рекета Треска. За време на турското владеење во Македонија, овој манастир бил запален, но нема точни податоци кога се случило тоа. На иницијатива на поп Костадин од селото Грешница, селаните го испратиле поп Димитрија во Цариград да побара одобрение од султанот за повторна изградба на манастирот. Со дозвола на султанот, месното население, со доброволна работа и средства, повторно го изградиле овој манастир во 1846 година.

Логично е вакво убаво патување да заврпш со убав ручек, покрак Треска. Рибници во овој крај има повеќе, а и во кој и да заминете нема да згрешите. Ако имате среќа, ќе најдете и место за преспивање. 

М.Џаровска

Фото: Вангел Тануровски

Пред да преминете на галеријата од Јасен и поречкиот манастир, можеби ќе ве интересира:

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВИТОЛИШТЕ): Убавините на Македонија: Село кое маѓепсува на прв поглед

Ангелот Гаврил од Курбиново - фреска која вреди да се види

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ БИГОРСКИ, РАЈЧИЦА И МОСТОТ ЕЛЕН СКОК) Убавините на Македонија: Илјада години чуда и легенди

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРАТОВО): Убавините на Македонија: Волшебниот град на кулите и мостовите 

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ ВЕЉУСА И ВОДОЧА) Убавините на Македонија: Богатство кое вреди да се види

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ИЗВОРИТЕ НА ДРИМ) Убавините на Македонија: Фрли паричка за среќа

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ГАЛИЧНИК) Убавините на Македонија: Кој израснал овде, тој станал човек

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВОДОПАДОТ ДУФ) Убавините на Македонија: Магија сокриена зад карпи

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПОНИКВА) Убавините на Македонија: Опоен мирис на бука и галантни домаќини

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Шумски рај меѓу папрати

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СМОЛАРСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Магија во која се вљубувате на прв поглед

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРУШЕВО) Убавините на Македонија: За кафе и за локум секогаш има време

(ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД КУКЛИЦА) Убавините на Македонија: Куклите скаменети од неостварена љубов, станаа туристичка атракција

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БАРГАЛА) Убавините на Македонија: Вечна инспирација за истражување