Фотографија од Македонија го обиколи светот: Гестот на Пендаровски што ги инспирира сите родители и наставници

Добивај вести на Viber

На Instagram профилот @charlietop10s (или Top10s) — познат по споделување интересни факти и мотивирачки приказни — се појави фотографија од Македонија која привлече големо внимание.

На сликата е прикажано како претседателот Стево Пендаровски придружува 11-годишно девојче со Даунов синдром до училиште, откако таа била жртва на малтретирање од врсници. Фотог­рафијата повторно ја поттикна јавноста да разговара за важноста на инклузијата, почитта и еднаквите можности за сите.



Постот бил забележан од илјадници корисници, кои реагираа со поддршка, коментирајќи дека самото дело говори повеќе од зборовите: лидерство, емпатија и човечност во акција.


РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм