Животна училница // Приказни
(ГАЛЕРИЈА) МАСОВНО ВО ЦРКВИТЕ: Верниците не ги послушаа апелите на Спасовски и Филипче

Денешниот ден, Велики Петок, граѓаните го искористија сончевото време и масовно излегоа во парковите, по Кејот на Вардрар, како и во маркетите, каде докупуваа намирници за претстојниот празник задутре.
Масовна посетеност имаше и во црквите, што го забележа и фотоапаратот на редакцијата на Фактор. Верниците практично не ги послушаа апелите од властите да останат дома и да се помолат во својот дом. И премиерот Оливер Спасовки и министерот за здравство Венко Филипче вчера порачаа дека не смее да се загрози здравјето и дека ситуацијата е крајно сериозна. Но, дел од оние кои сепак решија да одат во храмовите не носеа ниту соодветна заштита.
Во продолжение погледнете ја фото галеријата