Животна училница // Приказни
(ГАЛЕРИЈА) Скопскиот парк преполн по карантинскиот викенд

Семејства, двојки, групи на тинејџери, го преполнија Градскиот парк во Скопје. По забраната за движење изминатиов викенд, скопјани го искористија убавото време и излегоа на прошетка. Рекреативците побрзаа да ја истрчаат патеката во паркот, децата да возат тротинет и велосипед, а клупите беа полни со млади кои пиејќи пиво и сокови беа како на пикник. Забраната за движење почнува повторно од 16 часот до утре до 5 наутро.








