Го изневери со најдобриот пријател, му го скрши срцето, па му ја зема ќерката: Фатална Јасмина конкурира за „најзла“ поранешна жена на овој популарен пејач

Добивај вести на Viber

По информацијата дека е уапсен љубовникот на поранешната сопруга на Дарко Филиповиќ, јавноста повторно се заинтересира за Јасмина – жената која му го смени животот. 

Пејачот ја запознал во авто-сервисот на нејзиниот брат во Ниш, по што започнале да комуницираат на Фејсбук. Само месец дена подоцна веќе биле во врска, а Дарко ја запросил на Тајланд.

Принтскрин YT

Свадбата се одржала во Лесковац, со 460 гости, а Дарко тогаш изјавил дека сакал „на сите да им угоди“. 

Јасмина во бракот „процутела“, често објавувајќи провокативни фотографии, што ѝ донесе критики поради пириcингот и стилот на облекување, имајќи предвид дека е мајка на малолетна ќерка.

Принтскрин Инстаграм 

По 12 години, следел развод. Според Дарко, причина била нејзина афера со негов близок пријател, кого го запознале заедно на Тајланд. 

Тој изјавил дека е со „чист образ“ и не се срами. Од друга страна, се шпекулира дека токму Јасмина ги открила неговите пораки со друга жена, што довело до конфликт.

Принтскрин YT

По бурниот распад, таа се иселила со ќерката, а на крајот само изјавила: „Подобро добар развод, отколку лош брак. Контакт имаме само поради ќерката“.

Извор: Курир