Го победи и коронавирусот: 101годишната баба родена на брод за време на пандемијата на грип во 1918 година

Добивај вести на Viber

Анџелина Фридман преживеа рак, спонтани абортуси, внатрешно крварење, сепса и не една, туку две пандемии. Повеќе од 100 години после пандемијата на грип во 1918 година, 101-годишната жена го победи и коронавирусот.

Администраторка во Мохаганското Езеро, Њујорк, старечки дом каде што живее Фридман рече дека Фридман го слави животот како да не се случило ништо.

„Му дава надеж на светот дека можете да го победите ова и на 101 година“, изјави Ејми Елба за Си-Ен-Ен.

"Таа и татко ми истовремено имаа карцином. Таа преживеа. Тој не", рече ќерката на Фридман.

Во 1918 година Анџелина е родена на брод што превезувал имигранти од Италија во Њујорк, среде тогашната пандемија.

Нејзината мајка починала кога ја родила, а нејзините две сестри и помогнале да преживее сè додека не се сретнат со нивниот татко во Њујорк.

Сега со живеалиште во Центарот за реставративна терапија и центар за грижа, Фридман се бореше со уште една пандемија.

Помина и тоа, Фридман оздраве од коронавирус, на 20ти април, се тестирала негативно.

Персоналот и приреди голема роденденска забава за 101ви роденден на Фридман, а минатата година беше крунисана за матурска кралица.

Фридман  прогласена за матурска кралица во старечкиот дом.

Како што се приближува сезоната на матурски, Елба рече дека иако училиштата можеби нема да организираат забави, Фридман секако ќе ја има својата - и се надева дека ќе биде прогласена за матурска кралица втора година по ред.

извор: CNN