Го победи ракот и се враќа на малите екрани: Руби поубава од било кога

Барбара Мори и денес изгледа многу убаво. Актерската кариерата ја почнала како манекенка а најголема популарност стекна во серијата „Руби“ на која сигурно се сеќаваат многумина од вас.
Барбара со крупни чекори граба кон Холивуд, но помина низ тешка борба со здравствени проблеми. Актерката со неполни 30 години се соочи со рак на дојката.
-Многу е тешко да се каже: „Да, имав рак“. Поради некоја причина Бог ме стави на тест и јас успешно го поминав. Се изборив со болеста, го победив ракот и одам напред“-рекла Барбара.
Интересно е дека денес има 42 години, а стана и баба бидејќи нејзиниот син (22) стана татко. Барбара пред неколку години го промени имиџот и стана русокоса, а за неа можеме да кажеме дека е секси баба со причина.
Барбара моментално е во среќна врска со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзаро.
На радост на многумина, оваа 42- годишна убавица наскоро се враќа на малите екрани како актерка во новата серија „La negociadora" ( Посредничка), чие емитување се очекува во наредните месеци.