Го победи ракот на дојка, сега ѝ следи уште една борба: Познатата актерка сподели со каква болест се соочува

Добивај вести на Viber

Фановите на Кристина Еплгејт ѝ се голема поддршка, но во овие моменти и треба мир и приватност, со цел да собере сила за нова борба.

Познатата актерка Кристина Еплгејт, препознатлива по улогата во ТВ -продукциите „Брачни води“, „Американски психо“, „Напад на Марс“, ја објави многу изненадувачката вест дека боледува од мултиплекс склероза, исто како и нејзината колешка Селма Блер.

Преку својот профил на Твитер, таа искрено зборуваше за својата состојба, а дека не е оставена без мотивација, кажува и самиот факт што се бореше со ракот на дојката .

"Здраво пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностициран МС. Тоа беше чудно патување, но имав поддршка од луѓе што ги знам и кои страдаат од тоа. Тоа беше тешко патување, сепак, како што сите знаеме, животот продолжува освен ако некој идиот не блокира сѐ повторно “.

Кристина ја замоли јавноста да ја почитува приватноста што ја сака во предизвикувачки моменти, и за да си обезбеди сигурна иднина за време на лекувањето со ракот, се одлучи за билатерална мастектомија.

Денес, Еплгејт има своја фондација која им помага на дами во истата животна борба.