Го спаси Библијата: Се случи чудо во Нагорно-Карабах

Добивај вести на Viber

Момчето седело во црквата кога се случила експлозијата, а Библијата ги запрела шрапнелите

Едно момче наводно го преживеало гранатирањето на Црквата Христос Спасителот во Нагорно-Карабах со чиста среќа. Имено, тој бил спасен од Библијата, ги запрела шрапнелите кои сигурно ќе го усмртиле несреќниот верник.

Момчето вчера за време на ракетниот напад седел во црквата. Во рацете држел Библија во која „потонале“ шрапнелите, додека сè околу него се распаѓало.

На социјалните мрежи кружат фотографии од млад човек кој лежи во болнички кревет, како и фотографии од Светото писмо чии страници се искинати.


Инаку, Црквата на Светиот Христос Спасителот, позната како Газанчецоц, обележјето на Чучија, беше речиси уништена во вчерашниот напад. Црквата е градена од 1868 до 1887 година и е седиште на епархијата во Нагорно-Карабах на Ерменската апостолска црква и ги издржа сите конфликти во Карабах во последните три децении.

Она што е интересно е дека, иако црквата претрпе големи штети, не паднала ниту една икона што била обесена на ѕидот, а мозаиците останале неоштетени.

Да потсетиме, борбите во Нагорно-Карабах започнаа на 27 септември, а Азербејџан и Ереван меѓусебно се обвинуваат за избувнување на конфликтот.


Фото: Фејсбук/PRINTSCREEN/@ARAYIKHARUTYUNIAN

Можеби ќе ве интересира:

Чудо на Острог: Предупредувањето на Свети Василиј ми го спаси животот

Лудниците стануваат пополни, децата површни и сè поневоспитани: Отец Арсениј од Острог