Голема тетоважа преку грбот: Милош Биковиќ се соблече, го покажа мускулестото тело на базен - околу него луксуз

Најпопуларниот српски актер, Милош Биковиќ, се соблече на базен и го покажа своето мускулесто тело, со што ја оправда титулата еден од најзгодните мажи на јавната сцена.
Имено, Милош Биковиќ, кој важи за еден од најфаталните мажи на српската јавна сцена, предизвика вистинска лавина со својата нова објава.
Актерот позираше покрај базен во хотел каде што престојувал. Паузите од снимањето ги искористил за да ужива во спа-центарот, а на базенот позираше и го покажа своето мускулесто тело.
Сепак, огромната тетоважа по целиот грб беше таа што го привлече вниманието на многумина.
Милош Биковиќ стана татко неколку дена пред својот 36-ти роденден, и тогаш ексклузивно за „Блиц“ откри како се чувствувал кога за прв пат го држел синот во раце.
- Кога имаш дете и кога го држиш тој мал живот во рацете, таа мала трошка живот во рацете, нема проект што би ти донел поголема среќа. Во деловна смисла, животот продолжува, ќе продолжам со снимање, но нема ништо што може да се спореди со она што ми се случи на 9 јануари - рече тогаш Биковиќ, откривајќи дали е подготвен за бессони ноќи.
Тој неодамна беше на патување во потоплите региони со сопругата и синот, а сите детали ги сподели на социјалните мрежи.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs