Голема загуба: Почина легендарната македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија

Добивај вести на Viber

фото: wikipedia

Почина легендарната Сабина Ајрула-Тозија која на сцената на скопскиот Драмски театар оствари над шеесет улоги.
Освен на театарската сцена, Сабина глумеше и во многу филмови и серии, како македонски така и во турска продукција, од кои доста препознатлива беше по улога во „Величенствениот“.

Истакнатата актерка почина на 75-годишна возраст, по тешко боледување, а пред три години актерката беше оперирана од тумор на мозокот.

Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се: Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“); Лисијен („Болва во уво“); Костадинка („Јане Задрогаз“); Џеси („Добра ноќ мајко“); Лаура („Татко“); Лени („Злостори на срцето“) и други. А како гостин учествувала во проекти на Турската драма и на Драмата на МНТ.

Во 2015-та година, Сабина ја доби и наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“.