Горда на македонските гимназии: Еве што мисли поранешната словенечка министерка од Виница за нашето образование

Добивај вести на Viber

Поранешната словенечка министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова – Дух, чиј корен потекнува од Македонија, во интервју за словенечки медиум зборуваше за своето образование и за тоа како искуството од двете земји ја обликувало нејзината професионална и лична перспектива.

Стојменова – Дух, која дел од своето школување го поминала во Македонија, а потоа го продолжила во Словенија, истакна дека и двата образовни системи имаат свои предности и вредности.

Во Македонија образованието, особено гимназиското, е пошироко. Се изучуваат повеќе предмети, што им овозможува на учениците да стекнат пошироки знаења и поголема општа култура објаснува таа. 


View this post on Instagram

A post shared by ONA VE (@onave.strokovnjakinje)



Стојменова - Дух додаде и дека во Словенија, пак, системот е понасочен – учениците порано се определуваат за својата професионална насока и образованието е подлабоко во одредени области.

Со своето искуство и јасен поглед на образованието, таа претставува пример за современа европска визија – личност која ги спојува знаењето, технологијата и хуманоста, и која потсетува дека корените никогаш не се забораваат.