Гушкајте си ги мајките додека сè уште можете: Андријана Јаневска за нејзината прерано почината мајка

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка, инструменталист и професор Андријана Јаневска, по повод светскиот ден на мајките, сподели емотивен статус на нејзиниот фејсбук профил.

Таа сподели фотографија од нејзината прерано почината мајка, со посвета:

„Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница. Пред тебе рибите прелетуваа, а птиците препливуваа; дождот стануваше утринска роса, а ветерот полноќен здив. И камењата цветаа покрај тебе. На гнездата им никнуваше кров, а трњето раззеленуваше. Сега, во мојата душа копнеж се раѓа: да ме родиш пак, мајко моја, та и градот во селата да ме бара, и пес во бунар да нурка, и гром во пештера да грмне - да не ме пронајде. Скриена ќе бидам во твојата прегратка.

Посветено на мојата прерано почината мајка, Нада Јаневска, по повод меѓународнот ден на мајката. 

Гушкајте си ги мајките додека сè уште можете.“ - напиша Јаневска


Парите нема да ве гушнат како семејството: Женски муабет со Андријана Јаневска
Една година без мајка си: Емотивна фотографија и посвета на Андријана Јаневска