Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

Добивај вести на Viber

Вчера, официјално завршија активностите околу уредувањето на зелениот корнер, на десната страна од популарната „коцка“ во средината на ТЦ Лептокарија. Уредувањето на овој јавен простор е под покровителство на Халкбанк АД Скопје, во склоп на активностите од платформата HalkEco, чија цел е заштита и унапредување на животната средина, создавање здрави навики кај населението и подигање на еколошката свест и грижа за околината.

Халк корнерот е опремен со ново зеленило, урбана опрема, неколку реквизити за деца, соодветна подлога, како и систем за наводнување. Двомесечните подготовки на ова ново урбанизирано катче резултираа со ново место за дружба, наменето за сите возрасти. Со ова дополнително се оплеменува и разубавува градскиот пејзаж на една од најфреквентните локации во скопската Општина Карпош.

По повод отворањето на овој корнер во главниот град, Халкбанк вчера организираше и симболична дружба, пријатна музика и честење за жителите на оваа населба.


„Се надеваме дека ова место ќе донесе многу убави моменти, дружби и ќе биде место кое ќе создаде многу спомени. Со желба да направиме и придонесеме повеќе за нашето општество, напорно работиме на збогатување на активностите во склоп на HalkEco платформата. Освен редовното доделување на наградите од HalkEco апликацијата и хронометар трките кои се одржаа во текот на летото, организиравме пошумување на делови во државата каде тоа беше најпотребно, ја поставивме првата еко автобуска постојка и целосно ги реновиравме мостовите во Градскиот Парк. Овој корнер е наша нова HalkEco гордост“ – велат од дирекцијата за односи со јавност во банката.  

Во продолжение погледнете ја фотогалеријата на Халк Корнер: