Хари ја напушти Велика Британија само еден ден пред роденденот на кралицата Елизабета: Која е причината?

Добивај вести на Viber

Кралицата Елизабета наполни 95 години и го прослави најосамениот роденден во последниве 70 и повеќе години, колку што беше заедно со принц Филип.

И, иако сите мислеа дека Хари ќе го продолжи престојот во Велика Британија по погребот на принц Филип, тој ја напушти земјата само еден ден пред роденденот на неговата баба, Елизабета.

Всушност, по погребот на принцот Филип и краток разговор со неговиот брат Вилијам, Хари се врати во Калифорнија. 

Фотографиите на принцот кој со автомобил со затемнети стакла беше пренесен во неговиот дом го обиколија светот и шокираа и растажија многумина.

Иако приврзаниците на британското кралско семејство се надеваа дека Хари навистина ќе остане подолго откако се шпекулираше дека работата е да се продолжи неговиот престој со цел да се средат односите со брат му Вилијам, особено поради роденденот на кралицата Елизабета, тој не го стори тоа.

И покрај тоа што многумина мислеа дека Хари ќе го прослави овој датум со својата баба, особено по неодамнешната смрт на принцот Филип, се чини дека тој брзаше што побрзо да се врати кај својата бремена сопруга Меган и синчето Арчи.

Тој ќе мора да помине 10 дена во карантин, а неговиот авион слета на приватниот терминал LAX, резервиран за богати и славни.

извор: GLOSSY

Може да ве интересира: