Хари многу патеше: Пријател на принцот откри голема тајна за напуштањето на кралското семејство

Добивај вести на Viber

Близок пријател на принцот Хари конечно им откри на медиумите со што се’ се соочувал принцот Хари пред одлуката да го напушти кралското семејство, пишуваат британските медиуми.

- Многу разговарав со Хари. Силно патеше поради работите што му се случија. Сака да живее нормален живот колку и да е тоа воопшто можно. Кога пред вашата куќа имате илјада папараци, тоа баш и не е некој најнормален и мирен живот - раскажа Начо Фигуерас во специјална ТВ-емисија на „Еј Би Си“.  

Тој вели дека Хари го напуштил кралството затоа што сакал да го заштити своето семејство.

- Како човек кој пораснал во палата со постојано медиумско внимание, сфати дека не сака на таков начин да расте и неговиот син Арчи. Не дека во Канада не се опкружени со фотографи, но атмосферата во нивното ново „родно место“ е далеку помирна - тврди Фигуерас.