Иако е Хрватка со католичка вероисповед, Нина Бадриќ го посети Острог и ги потврди тајните на ова место за кои долго се зборува

Познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ деновиве го посети еден од најголемите православни храмови на Балканот – манастирот Острог во Црна Гора.
Иако е Хрватка и припаѓа на католичката вера, нејзината посета уште еднаш потврдува дека ова светилиште претставува место кое обединува луѓе од различни националности и вероисповеди.
Манастирот Острог е познат по бројните чуда што верниците тврдат дека се случиле во неговата внатрешност, па затоа со години наназад претставува духовен центар кој привлекува илјадници посетители од целиот свет.
Бадриќ на својот Инстаграм профил сподели фотографии од оваа посета, гордо позирајќи со пријателите кои ја придружуваа. На објавите се гледа позитивна енергија и задоволство, а пејачката со емотивни зборови ја истакна важноста на ова искуство за неа.
Нејзината посета предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што многумина ја поздравија отвореноста и почитта што таа ја покажа кон православната традиција.
Со овој гест, Нина Бадриќ уште еднаш ја нагласи универзалната сила на верата и духовноста која, независно од религијата, знае да ги спои луѓето и да им подари моменти на мир и благодарност.