Иднината на разводите - ако имате лош брак или многу долгови: Во оваа земја можете да платите за да исчезнете и добиете нов идентитет

Секоја година, илјадници луѓе ширум светот решаваат да исчезнат без трага — да ги напуштат своите домови, работни места и семејства, и да започнат нов живот.
Но во Јапонија, овој феномен има свое посебно име и длабоко општествено значење: џоухацу (jouhatsu), што буквално значи „испарување“.
Тој термин се користи за луѓе кои свесно се повлекуваат од своите животи и го кријат својот идентитет — понекогаш со децении, пренесува BBC.
Зошто луѓето „исчезнуваат“?
Причините се различни — од долгови и пропаднати бракови, до неуспешни кариери или бегство од силниот општествен притисок. Еден од „испарените“, Сугимото (42), за BBC изјавил:
„Бев презаситен од човечките односи. Го зедов малиот куфер и едноставно исчезнав.“
За многумина ова значи ослободување од животот во кој се чувствувале заробено, но цената речиси секогаш е висока — болка, вина и прекин на сите семејни врски.
Индустрија на „ноќни преселби“
Во Јапонија дури постојат и фирми специјализирани за тајни преселби, кои им помагаат на луѓето да „исчезнат“ — ги преместуваат ноќе, им обезбедуваат засолништа и нови идентитети.
Основачот на една таква агенција, Шо Хатори, изјавил:
„Мислев дека финансиските проблеми се главна причина, но луѓето исчезнуваат и поради пропаднати бракови, неуспеси на факултет или семејно насилство.“
Општествен и правен контекст
Феноменот џоухацу е забележан уште во 1960-тите. Во земја со ниска стапка на разводи, на многумина им било полесно да „испарат“ отколку да се разведат.
Според социологот Хироки Накамори, јапонскиот систем дури олеснува вакви исчезнувања — банките дозволуваат подигнување пари без детални проверки, а полицијата не реагира освен ако нема докази за злосторство.
Една мајка чиј 22-годишен син исчезнал изјавила:
„Полицијата не можеше да ми помогне. Секој ден се прашувам дали некое од телата што ги пронаоѓаат е мое дете.“
Извор / Pexels