Имаат ли неправдата и човековото страдање крај: Видео од девојка од Авганистан крши срца - „ќе умреме овде, никој не се грижи за нас“

Добивај вести на Viber

„Не сме важни, никој не се грижи за нас“, низ солзи вели девојката...

Додека Талибанците со застрашувачка брзина освојуваат големи делови од Авганистан, на Твитер стана вирална снимката од девојка која плаче за нејзината крајно неизвесна иднина.

„Не сме важни затоа што сме родени во Авганистан“, вели младата девојка низ солзи, видно потресена и исплашена.

„Никој не се грижи за нас“, продолжува таа. „Умираме полека. Зарем не е тоа смешно?" вели девојката на видеото.

Видеото, кое сега има над 2 милиони прегледи, прва го сподели активистката за човекови права Масих Алинеџад.

„Моето срце се крши за жените во Авганистан“, напиша таа.


Во претходниот период на владеењето на Талибанците, на авганистанските жени не им беше дозволено да работат, студираат или да се лечат кај машки лекари, освен кога се придружувани од маж. На жените кои го прекршиле законот и строгите правила на однесување им се заканувале драконски казни - затвор, јавно камшикување, па дури и погубување. 
Во идеологијата на Талибанците, жените практично немаат никакви права.

„Талибанците веќе воведоа строги ограничувања за човековите права на жените“

Откако Талибанците ја загубија власта во 2001 година, меѓународната заедница работеше на отворање училишта за девојчиња и поттикнување на вработување на жени.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутиерез вчера изјави дека Талибанците веќе воведуваат строги ограничувања за човековите права на жените, кои се во области кои моментално се под нивна контрола.

„Особено е застрашувачки и срцепарателно да се видат извештаите за одземање на тешко стекнатите права на авганистанските девојки и жени“, додаде тој.

Животот на жените во Авганистан никогаш не бил лесен и никогаш не се поистоветувал со мажите, а сега тие оскудни и тешко стекнати права во претходните години, им се одземени преку ноќ. 

извор:stil.kurir.rs