Имал свои причини: Принцот Вилијам криел дека има коронавирус

Добивај вести на Viber

Најстариот внук на британската кралица прележал ковид-19, но принцот Вилијам тоа го криеше од јавноста затоа што не сакал никој да биде загрижен за него.

Војводата од Кембриџ бил заразен со коронавирус во април, во исто време кога тестот покажа присуство на вирусот кај неговиот татко, принцот Чарлс, пренесува Sky News.

Принцот Вилијам не потврди јавно дека е болен, но рече дека „се случиле важни работи“ и дека не сака никој да се грижи за неговата здравствена состојба.

Палатата Кенсингтон одби да коментира по ова прашање, но не го негираше тврдењето.

Неименуван извор за таблоидот „Сан“ изјавил дека принцот бил болен и дека вирусот „само го срушил“.

Принцот бил третиран од дворскиот медицински тим и биле следени упатствата на Владата на Велика Британија за изолација на целото семејство.

И покрај тоа што бил болен, војводата од Кембриџ ги извршувал своите должности без да се повлече во април - тој остварил 14 телефонски и видео повици.



Фото: EPA-EFE

Можеби ќе ве интересира:

Не ги знаевме овие детали: Како Кејт и Вилијам навистина се запознале

Ветувањето на принцот Вилијам кон неговата мајка Дајана кое никогаш не го исполни