Имам 34 години и животот НЕ ме научи на ништо!

Добивај вести на Viber

Колку пати сте се ставиле себеси на второ место за да бидете достапни за другите?

Колку пати потрошивте пари што ги немате?

Колку пати го потрошивте непотребно времето што ви требаше?

Колку пати сте се дале себе си кога ни самите се немавте?

Колку пати сте убиле малку од себе за да бидете тука за другите?

Имам 34 години и цел живот барав некој да биде со мене.

Цел живот сум правела и можни и невозможни работи со цел да стекнам наклонетост, внимание и време на другите луѓе.

Јас имам 34 години и сум тотално промашен случај затоа што туѓите зборови упатени кон мене можат да ме скршат.

Јас имам 34 години и до пред неколку години се плашев од себе.

Се враќав кај оние за кои верував дека треба да ме сакаат и дека нема да можам да постигнам ништо без нив.

Имам 34 години и ми недостига татко ми. Доволни ми се само три секунди за да заплачам пред неговиот гроб. Имам 34 години и сè уште понекогаш сонувам како се вратил дома.

Јас имам 34 години, имам свои пари и стан, и сè уште мразам да одам сама во продавница.

Јас имам 34 години и сè уште сметам дека морам да купам сè што се бара од мене.

И дека морам да ги спасам сите.

Имам 34 години и животот не ме поштеди во ништо.

Имам 34 години и не умеам да согледам дека сум сама. Дека сите оние луѓе што стоеја покрај мене беа само набљудувачи. Гласни набљудувачи, кои викаа тогаш кога ми требаше тишина за да се сконцентрирам.

Имам 34 години и X пати застанав пред поголеми и посилни од мене сакајќи да ги заштитам. Понекогаш дури и не го бараа тоа од мене.

Јас имам 34 години и живеам туѓ живот. Во кој сè е туѓо. Во кој сакам луѓето да ми возвратат како што правам јас за нив. А го прават тоа сè поретко.

Имам 34 години и премногу воздивнувам.

Јас имам 34 години и има толку многу празнини што ги пополнувам со работа, лажни насмевки и овие зборови.

Имам 34 години и имам толку празнини што ги пополнувам со лајкови. Аплауз. Небитни работи.

Имам 34 години и откако баба ми остаре, никој не ме заштити.

Имам 34 години и изгледам здраво. Изгледам како да имам сè. Изгледам... а во мене имам милион рани од кои крварам. Што си ги нанесов на себе, затоа што стоев пред сите. За сите. И за себе.

Јас имам 34 години и живеев за други.

Но, некако доаѓа денот кога ќе станеш. Ќе се разбудиш. И си велиш дека нема повеќе да го правиш тоа.

И велиш бидете сега вие пред мене додека јас одмарам. Велиш дека не може така да продолжи понатаму.

Имам 34 години и решив да кажам - доста е!

Не дозволувајте луѓето да ги контролираат вашите животи. Не дозволувајте луѓето да манипулираат со вашите чувства.

На никој не му го должите животот што го имате, затоа што никој од нас не избра да се роди.

Нема реприза, нема враќање, ниту втора шанса. Само она што е пред вас.

Вие избирате како и каде одите.

Ќе го следите срцето храбро или ќе гледате наназад?

извор: zenskikutak.rs
фото: pixabay.com