ИМАТЕ БОЈА ОД ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА НА РАЦЕТЕ: Еве како да ја исчистите

Добивај вести на Viber

За да ги исчистите рацете од бојата за јајца треба да ги измиете со оцет. Ставете малку оцет на дланките и тријте со четкичка. Можете да ставите оцет на крпа или сунѓерче и да ги истриете обоените места.

Друг начин е наместо оцет да користите лимон. Пресечете еден лимон на половина, исцедете го, па на внатрешната страна од кората ставете малку сол и истријте ги обоените места.

Ќе се ослободите од бојата и ако ги измиете рацете со сода бикарбона. Намокрете ги рацете со топла вода и ставете сода бикарбона на обоените места. Тријте со четкичка додека не излезе целата боја.

За кој и да било начин да се одлучите, откако ќе ги измиете рацете, намачкајте ги со крема, зашто и оцетот, и лимонот и содата ја иритираат кожата.