Името на бебето привлече внимание: Се породи Бојана Родиќ, Гоца Божиновска слави во солзи
Бојана Родиќ, снаа на пејачката Гоца Божиновска и избраничката на нејзиниот син Мирко Шијан, се породи и го роди својот син Зоран.
Среќната вест ја споделија ќерката на Гоца Божиновска и пејачката Јелена Вучковиќ, која ја сподели фотографијата на Мирко и Бојана на Инатаграм и напиша:
- Станав тетка! Се роди малиот Зоки! Многу ве сакам!

Синот на славниот пар го доби името по покојниот татко на Мирко, Зоран Шијан, исто како што внукот на Бојана, Жеjко Ражнатовиќ, синот на нејзината сестра Богдана и Веjко Ражнатовиќ, го доби името по Аркан.
Пејачката Гоца Божиновска, која стана горда баба, исто така за Блиц изјавила:
- Ви благодарам многу за честитките, нема поголема радост и среќа. Станав баба, се помина добро. Славиме, луѓето веќе доаѓаат во мојата куќа.
FOTO: INSTAGRAM