ИНФИЦИРАН КУМАНОВЕЦ: Луѓето кога дознаа дека сум позитивен реагираа со голема поддршка и емпатија

Не знам од каде сум се инфицирал, природата на мојата професија е таква, со многу голема фреквенција на луѓе, вели кумановецот Дејан кој е заразен со коронавирусот.
Овој човек откако дозна дека е позитивен, ги информирал луѓето кои биле во контакт со него да реагираат и да побараат помош доколку имаат симптоми.
„Што се однесува на симптоми, прво ме болеше грло 3 дена, а на 4-ти ден и глава. Паралелно со тоа 1-2 дена ми беше затнат носот. Од петтиот ден почнав да кашлам суво,(непродуктивно) што трае до сега. До пред 3 дена имав температура, не многу висока, 37,4 , која варираше од време на време. Мене ми е 10-ти ден од тестирање, а 15-ти ден од прв симптом. Се надевам дека брзо ќе престане и кашлицата. Луѓето барем во мојот случај реагираа со голема поддршка и емпатија. Стигнаа многу поракаи за поддршка“, вели кумановецот.
Додава дека пред да се зарази, следел што се случува со коронавирусот, бил
информиран за симптомите, мерките за заштита.
Дали носел соодветна заштите, и што со неговото семејство, дали се во самоизолација прочитајте на Фактор.мк