Инстаграм цензурираше само една од овие фотографии: Зошто?

Добивај вести на Viber

Најновата фото-пародија на Селест Барбер повторно ги обелодени предрасудите на Инстаграм алгоритмот.

Минатата недела донесе „проблем“ кој го привлече вниманието на милиони корисници на Инстаграм - проблем што во маргинализираните заедници го знаеме со години: алгоритмот на Инстаграм фаворизира тенки, слаби, бели луѓе и ефективно ги цензурира останатите.

Во петокот, австралиската комичарка, Селест Барбер, ја објави најновата во нејзината серија пародични слики #CelesteChallengeAccepted, за нејзината публика од 7,3 милиони: рамо до рамо фотографија на која таа имитира објава од поранешната манекенка на Викторија Сикрет, Кендис Сванпул, како ја држи голата града со „side boob“ момент, без долна облека. 

Но, додека обете фотографии, и од Селест и Кендис ги откриваат точно истите делови на телото (Барбер, всушност облече гаќи), Инстаграм не им дозволи на обожавателите на Селест да ја споделуваат нејзината објава, известувајќи ги корисниците дека „објавата се коси со упатствата на заедницата, за голотија и сексуална активност“, а постот на Сванпул, не беше пријавен, ниту забранет за споделување.

„Еј Инстаграм, средете ги вашите стандарди за „body shaming““, напиша Барбер, споделувајќи слики од екранот на еден обожавател, што покажува дека Инстаграм ја отфрла објавата на Селест, „2020 година сме.“

Алгоритмот на Инстаграм е sвер кој можеби никогаш нема да го разбереме целосно, но она што го знаеме е дека фотографиите што ги прекршуваат упатствата за користење на Инстаграм заедницата се контролирани од мешавина од рачно известување и технологија. Инстаграм исто така има над 15.000 вработени кои работат низ целиот свет за да ги прегледуваат објавите и да „ловат“ забранет материјал. Со целата оваа технологија и толку многу вработени, тешко е да се разбере како предрасудите сè уште го прогонуваат алгоритмот, а сепак еве каде сме...

Ова не е изолиран инцидент. Во јуни 2020 година, плус-сајз манекенката Најом Николас-Вилијамс објави уметничка топлес фотографија од себе, на која градите и беа покриени со рацете - и Инстаграм веднаш ја отстрани. Цензурирање на црна жена во контекст на обновеното движење „Black lives matter“ беше особено смел потег и не помина незабележано.

Следбениците на Николас-Вилијамс - сега 60.000 - застанаа зад неа, користејќи го хаштагот #IWantToSeeNyome. Имаше објавувања на нејзината оригинална фотографија, објави од жени кои позираат во сопствените верзии на истата; на многумина им беа отстранети објавите.

Инцидентот резултираше со петиција на Change.org, која сега собра повеќе од 20 000 потписи, протестирајќи против, како што се нарекува, „предрасудната и јасно расно мотивирана цензура на Инстаграм“ со цел „да ги прикаже сите луѓе од сите големини и етникуми“.

Од тогаш, Николас-Вилијамс зборуваше за двојните аршини со кои се соочуваат луѓето со боја и дебелите луѓе, и предрасудите на кои не се подложени тенки, бели модели. Во неодамнешното интервју за Фрида, Николас-Вилијамс објасни дека „цензурата се случува насекаде, но на социјалните мрежи се случува повеќе, особено на жени со црна кожа и дебелина како мене“.

Тој месец, извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосери, јавно ја призна потребата Инстаграм да разгледа „алгоритамска пристрасност“, како и малтретирање, проверка и дистрибуција на содржина. „Нашиот фокус ќе започне со заедницата на Црнците, но исто така ќе разгледаме како можеме подобро да им служиме на другите недоволно застапени групи“, рече тој.

Но, еве до октомври не се смени многу. Која е причината зошто Кајла Логан, американска плус-сајз блогерка и инфлуенсерка, го започна #DontDeleteMyBody движењето, тоа е обид не само да му докаже на општеството колку е расистички алгоритмот на Инстаграм, туку и да го победи, гласно поставувајќи го прашањето „Зошто IG го цензурира моето тело, но не тенки тела?“

извoр: theguardian.com