Intermezzo music bar во чест на 8 март, Интернационалниот ден за жените Еднаков свет – отворено срце, Прва од шест кампањи дел од проектот Отворено срце
#IWD2020 #EachforEqual #СекојзаЕднаквост Intermezzo Music Bar, како лидер во модерното угостителство, покрај зацртаната цел и задача за музичка едукација на широкиот аудиториум, секојдневно изненадува со подобрување на стандардите и рушење на стереотипите. Во соработка со Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ, го започнаа својот прв проект од овој вид, насловен Отворено срце, со првата од шест последователни кампањи, „Еднаков свет - отворено срце”. Познати личности од социјалниот, културен и општествен живот се вклучија со цел да помогнат, за пораката полесно да стигне до секој поединец.
– На иницијатива на Intermezzo music bar, со поддршка од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ, одлучивме да започнеме проект со што ја покренавме оваа иницијатива. Свесни сме дека како бар имаме огромна социјална одговорност, градиме музичка култура, диктираме нови стандарди, но за да добиеме вистинска вредност и да се чувствуваме дека даваме свој придонес кон подигнување на свеста за половата еднаквост, решивме да допреме до секој поединец кој директно или индиректно е поврзан со Intermezzo и овој март да испратиме порака, дека само со отворено срце и прифаќање на еднаквоста меѓу половите, ќе создадеме една прекрасна урбана општествена средина без предрасуди. За оваа цел формиравме професионален тим кој заедно со 9 јавни личности кои безусловно не поддржаа, покажавме колку многу можеме да постигнеме заедно доколку имаме иста цел. Дарко Панчев, Виолета Томовска, Бранко Десовски, Соња Тодорова, Илина Ангеловска, Ивана Манасиевска, Јана Стојановска, Аријана Коскарова и Владо Јаневски се заштитните лица на оваа кампања, преку кои ги охрабруваме сите, без разлика на возраста, да се приклучат кон кампањата со што ќе помогнат пораката да стигне до секој поединец, бидејќи само заедно можеме да создадеме урбано општество без предрасуди, изјави Константин Влахо, музички директор на Intermezzo Music Bar.
Кампањата завршува со концерт на нашата музичка ѕвезда Владо Јаневски на 8ми март во Intermezzo Music Bar со почеток во 20часот, а чаирскиот шармер и овој пат ветува дека ќе направи одлична забава
Иако подигнување на свеста и отварање на нови хоризонти со себе носи голема одговорност, во Intermezzo Music Bar сме спремни да продолжиме напред со што ќе помогнеме во надминување на стереотипите и овозможување еднаквост на половите и нивна еманципација.