Ѕирнете во убавата куќа на Шехерезад и Сулејман: КУЈНАТА е сон на секоја домаќинка, а дворот РАЈСКА ГРАДИНА - вакво нешто не сте виделе ниту во списание

Добивај вести на Viber

Семејството на Бергузар Корел и Халит Ергенч пред три години е побогато за уште еден член.

По два сина, убавата Шехерезада и Сулејман Величествениот добија девојче на кое и го дадоа името Лејла, а додека беше бремена, актерката дополнително слободното време го искористи за да се занимава со реконструкција на ентериер.

Бергузар Корел и Халит Ергенч живеат во елитен дел на Истанбул.

Убавата актерка толку многу сака да готви што со месеци го реновирала своето омилено катче од куќата и го опремувала со најсовремени апарати. Кујната на Шехерезада е навистина посебно место, каде секој сантиметар е украсен со посебна грижа и љубов. Во таква средина, лесно е да се ужива на шпорет.

Иако се е модерно, практично и некој би рекол во минималистички стил, таа додаде неколку ретро елементи како тостер и машина за кафе во духот на шеесетите.

На Инстаграм го покажа и остатокот од прекрасната куќа во која доминираат топлите пастелни нијанси. Ѕидовите на дневната соба се во сива боја, парчињата мебел се од дрво, а се издвојува делот што го врамува каминот, со прекрасни орнаменти во стилот на античките храмови.

Еден ѕид во другиот дел од собата е окупиран од бела полица со фотографии од деца и омилени книги.

Дневната соба е прилагодена на хедонизмот на популарна турска двојка.

Станот е полн со сонце и светлина обезбедена од прозорците и вратите од подот до таванот, а имаат и директен излез до двор полн со зеленило.

Фото: Инстаграм