Искрена исповед на Јелена Ѓоковиќ: Не ни е лесно да се разделуваме со Новак

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот српски тенисер на сите времиња зборуваше за смејството, родителството и осаменоста која ја чувствуваат Новак и таа во текот на турнирот.
Таа во интервју за босанскиот магазин „Азра“ истакна дека бракот со Новак е голем предизик.
- Секој ден се преиспитувам, па растам, паѓам, станувам и барам решенија- ојасни Хелена и додаде:
- Јас и Новак сме заедно многу долго пред неговото име да добие ваква тежина во јавноста. Тој остана мојата љубов без титулите што сега го следат неговото име. Да се работи за неговиот бренд ми помогна да го разберам и да го почитувам успехот што го постигнал - и да ја прифатам осаменоста како резултат на таа работа, патување и посветеност. Токму ова оптоварување на славата и успехот честопати ги оддалечува луѓето подалеку од семејството и пријателите што не ги имаме предвид кога сонуваме големи соништа. Не ни е лесно да се разделуваме, особено сега како родители на две деца кои се навистина плод на голема љубов. Нашето време е толку драгоцено, ретко и уникатно за нас. Но, сите го сакаме, а тој е само еден.
- Дека сите ние сме големи деца кои одгледуваат мали деца. Моите деца постојано ме тераат да работам на слабостите. Јас дури и не знаев колкаво дете сум била! Колку што ги учам да бидат независни, храбри, сочувствителни, благодарни, толку многу ме учат дека теоријата е една работа, а практиката е друга. Затоа што ако ги научам дека животот е прекрасно искуство и дека треба да бидеме благодарни за секој ден и за сè што имаме и немаме, и ќе почнам да викам и да се нервирам - секогаш се поставува прашањето: „Но, мамо, зарем животот не е убав? Зошто се вознемируваш кога треба да бидеме благодарни за сè што имаме и за сè што се случува? - додава таа.