Исповед на мајка на две деца: Посакувам да не ги родeв, мојот живот ќе беше многу подобар

Жена признава дека пропуштила многу од животот откако станала мајка.
Една мајка отворено призна на блог за родители „Kidspot.com.au“ дека жали за одлуката да роди две деца, со образложение дека го претпочита животот пред да се родат тие. Таа го сака животот пред децата толку многу што посакува никогаш да не ги имала.
Ги сакам моите синови, но....
„Јас сум мајка на две деца, иако посакувам да не бев на ниту едно. Да, повеќе сакам живот без деца. Толку повеќе што посакувам никогаш да не ги имав", ја започна својата исповед.
Објасни дека ги сака своите синови „со сето свое срце“, но истакна дека не е депресивна ниту психички болна, веројатно претпоставувајќи дека со нејзината исповест ќе наиде не само на осуда од другите, туку и дека нема да ја сметаат за нормална личност.
„Би сакала да ги немав моите деца затоа што мислам дека мојот живот ќе беше многу подобар без нив. Ја сакав мојата работа и мојот сопруг и јас бевме многу среќни.
Патувавме многу, имавме одличен социјален живот, како некоја романтична комедија за двајца заљубени кои беа најсреќни на светот. Не беше тоа само фаза. Така живеевме 10 години, пред да одлучиме да имаме деца.
Кога пристигна првото дете, работите се сменија, но не на подобро“, раскажува таа.
Иако била возбудена за време на бременоста, кога се родил нејзиниот син, таа признава дека не било како што замислувале.
„Синот беше прекрасно бебе и веднаш се заљубив во него, но не сакав ниту еден друг аспект од мајчинството.
Јас не бев и не можев да бидам личноста како што бев порано.
Но, ние сепак не сакавме нашиот син да биде единец. Иако мојот сопруг знаеше како се чувствувам, сепак решивме да имаме уште едно дете. Мислевме, можеби работите се менуваат кога ќе се роди друго дете. Непотребно е да се каже дека не се променија. Ниту беше подобро ниту полошо, сепак се чувствував како да го изгубив идентитетот. Ништо од тие лоши чувства не исчезна целосно, не бев среќна како порано.
Мојата кариера денес е само работа. Имам исто работно место, но не можам да се посветам на работата како порано.“
Оваа мајка признава дека и недостасува социјалниот живот затоа што сè се врти околу децата и пријателите кои имаат деца.
„Да знаев како ќе биде, немаше да имам деца.
Многумина ќе ме осудат за ова, но со раѓањето на децата - од некогаш самоуверената, способна жена - станав фрустрирана, копнеејќи за мојот поранешен живот.
Да знаев дека ќе се чувствувам така, немаше да се одлучам да имам деца затоа што, верувајте ми, не сакам да живеам вака. За жал, малку е доцна!“
извор:stil.kurir.rs