Исповед на новинарка: Чувствував болка во градите и како некој да ми ги притиска белите дробови

Добивај вести на Viber

Таа открива како се чувствувала болна и што научила за здравјето во Њујорк кога била заразена со коронавирус

Новинарка на „Бизнис инсајдер“ Ариа Бендикс живее и работи во Њујорк, таа од почетокот на кризата со коронавирусот известувала редовно за КОВИД-19, започнала од градот Вухан, од каде што и започна ширењето на вирусот.
Но, како што пишува таа, „од почеток, таа некако знаела дека ќе известува и од Њујорк за коронавирусот“. Она што не можела да го замисли е дека и таа ќе се зарази.

Еве ја нејзината приказна во целост:

„Ако научив една работа во помалку од три месеци, времето кога ја набљудувам пандемијата на коронавирус, тоа е дека секогаш треба да бидам подготвена за најлошото. Кога Њујорк на 1 март објави дека го има својот прв случај на коронавирус, веднаш купив тоалетна хартија за две недели, марамчиња за дезинфекција, храна и кафе.
Следните две недели моите пријатели постојано ме прашуваа „дали треба да одам во теретана“ (веројатно не) или „дали е безбедно да се шетам надвор“ (да, но на два метри од другите).

Кога кафулињата, рестораните и училиштата почнаа да се затвораат во Њујорк на 15 март, се согласив со моите две цимерки и четворицата соседи да се видиме.
Бевме седуммина – а постојано се зборува дека собирите со десет или повеќе луѓе треба да бидат ограничени.

Два дена подоцна целото тело почна да ме боли. Сепак, бев смирена затоа немав ниту еден од главните симптоми на коронавирусот: висока температура, сува кашлица или скратен здив.

Исто така, знаев дека тешки симптоми најчесто се развиваат кај повозрасни мажи кои имаат други здравствени проблеми. Бидејќи не припаѓам на ниту една од овие групи, почнав да се прашувам дали мојата состојба е од стрес.



Лекарите ми рекоа дека скоро секој е подложен на инфекција а кога во рок од 24 часа имав треска и температура, знаев дека нешто не е во ред. Јас разбирам дека многу луѓе погрешно ги толкуваат симптомите на овој вирус, но нешто му се случи на моето тело што никогаш не ми се имаше случено пред тоа; чувствував како да сум истрчала цел маратон и како да ме удрил автомобил.

Решив да се изолирам во мојот стан. Ниту едно пишување за КОВИД-19 не можеше да ме подготви за чувството што го имав после, додека се борев за воздух со секој здив.

Болките траеја неколку дена, тие се влошија во текот на првата недела и потоа се влошија дополнително, па претпоставив дека помина врвот на болеста. За една недела од првите симптоми, почнав да чувствувам болка во ребрата и притисок како некој да ми ги стиска белите дробови, како хармоника. Не можев да дишам.
Закажав видео состанок со лекар, кој ми рече да одам во итната медицинска помош, ако ми се влошат симптомите. Кога се движев од спалната соба до бањата во мојот мал стан во Њујорк, бев толку уморна и задишана што морав да седнам – иако, пред епидемијава трчав најмалку по 10 километри секоја сабота.

Кога дојдов во просторијата за итни случаи, ми дадоа маска за лице и ме придружуваа во чекалната. Никој друг немаше, а докторот веднаш ме прегледа. Тој го потврди она за што се сомневав: Сигурно имам КОВИД-19. Но, тие не тестираа во Итната помош. 

Наместо тоа, лекарот го измери нивото на кислород и ме замоли да се движам и да зборувам истовремено. Потоа ми даде избор: Можеше да ме испрати во болница или да си одам дома и да се справам со симптомите самостојно. 

Знаев дека болниците веќе се преполни со пациенти со КОВИД-19. Отидов дома да легнам, и вечерта побарав од еден пријател повторно да ме однесе на Ургентно, затоа што не можев да дишам.

Чекав околу еден час. Потоа ме одведоа во просторија со големина на плакар. Лекарот ми рече дека не може да стори ништо за да ми помогне со симптомите.

„Фактот дека„ можете да зборувате цели реченици, е добар знак ““, рече лекарот, додавајќи: „Вие сте одличен пример зошто младите треба да останат дома“.

Бидејќи болниците во Њујорк сега ги тестираат само најтешките случаи, многу луѓе со „поблаги“ симптоми остануваат нетестирани.

Истражувањето на кинескиот центар за контрола и превенција на болести покажува дека повеќето пациенти со коронавирус се со „полесни“ симптоми, што значи дека повеќето инфекции во Њујорк, вклучително и мојата, не ги внесуваат во официјалниот број на заболени.

„За жал, едноставно не сме во состојба да ги тестираме сите, иако би сакале“, ми рече болничарката. „Сега треба да се фокусираме на оние на кои им треба интубација и оние кои се критични“.

Во собата за итни случаи, го прашав докторот кога мојот случај веќе не може да се смета за благ или кога ситуацијата бара тестирање.

Тој ми рече „ако се бориш за воздух и додека седиш “. Болницата може да направи рендген на градниот кош, но тоа само ќе го потврди она што веќе го знаеме, дека станува збор за вирус.

Пред да ме отпишат од болницата, т.е од прегледот, докторот ми рече да се вратам ако ми се влоши состојбата. Не можев да замислам како би се чувствувала тогаш. После уште една непроспиена недела, почнав да чувствувам дека можам да дишам нормално. Беше скоро во исто време, грлото почна да ме боли, па едвај можев да јадам и да пијам.

По 14 дена од првите симптоми, денот кога требаше да престанам да бидам заразена, болката се врати. Се чувствував како да се вратиле симптомите дупло, но барем можев да дишам.

Ми се чинеше како вечност да помина, откако разговарав со луѓе во станбени згради во Вухан, Кина и од самиот почеток бев подготвена дека овој вирус ќе биде реалност за сите нас. Но, не сите се подготвени.

Најпрво имаше толку многу оптимизам. Немаше никаква паника и сите велеа дека нема зошто да се грижите.

„Што се однесува до тестирањето, владата не ја сфати сериозно кризата до средината на март. До тоа време, многу Американци - вклучително и јас - веќе се беа разболеле“.


Исповед на медицинска сестра: Ни најискусните не знаат што да прават, напишав тестамент и го оставив на момчето