Испрати апел до сите жени: Марина Висковиќ отворено за операцијата на тумор на дојка

Српската пејачка отворено проговори за здравствената состојба по операцијата на тумор на дојкаи упати апел до сите жени.
Пејачката Марина Висковиќ зборуваше за неодамнешната операција на тумор на дојка, кој, за среќа, се покажал како бенигнен.
Таа вели дека си направила самопреглед на дојката и почувствувала нешто.
- Јас сум одлично сега, ништо страшно не се случи. Самопрегледот го направив превентивно, за среќа сега сè е во ред. Јас сум некој што се грижи и е многу внимателен кога станува збор за здравјето. Одам на редовни прегледи и апелирам до сите жени редовно да посетуваат лекар - рече пејачката откако сè се завршило добро и благодарение на самопрегледот туморот бил навремено откриен.
Ракот на дојка е најчест облик на тумор кај жените, а од оваа болест месечно заболуваат дури 250 жени, додека 90 од нив ја губат битката против болеста.
Повеќе за симптоми, корисни чекори за самопреглед како и други совети прочитајте ОВДЕ.