Ист Гејт Мол: Динамични подготовки пред отворање
Отворањето на најголемиот трговски центар во нашиот регион се ближи. Одбројувањето започнува, и за токму еден месец Скопје добива ново место кое ќе обедини шопинг, забава, фитнес и разонода, но и врвно гастрономско искуство. Сè на едно место – во Ист Гејт Мол. Посетителите ќе може да уживаат во широката понуда на продавници, кафетерии, ресторани, но и во големиот број на услуги како центар за убавина и козметика, фризер, бербер, центар за разубавување на миленичиња, како и забавни активности: кино, игротека, фитнес центар и друго. Со цел да се постигне уникатна содржина, како еклузивен лизинг агент беше ангажиран тимот на специјализираната консултанска компанија за недвизности “Cushman&Wakefield/FortonMKA“ кој заедно со тимот на Ист Гејт Мол интензивно работеше на миксот од 250 интернационални и локални брендови во последните три години.
Месец Септември за Ист Гејт Мол значи интензивен месец со динамично темпо на подготовка и опремување на локалите од страна на брендовите, кои ќе бидат дел од новата дефиниција за шопинг.
Исклучителното дизајнерско решение од реномираниот архитект Керем Јазган веќе ја добива својата финална форма и наговестува голема посетеност поради уникатниот екстериер и ентериер кој ја нагласува мултифункционалната природа на Ист Гејт Мол.
Една од најмаркантните карактеристики на трговскиот центар е разиграната фасада, која ќе му даде еден поинаков, модерен изглед на центарот, по што ќе биде примамлив и за посетителите но и за случајните минувачи.
Погледнете како течат финалните подготовки во Ист Гејт Мол.